Спектакуларно и емотивно: Ултрасите на Галатасарај со неверојатна кореографија го расплакаа Осимен (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во Лигата на шампионите во овие моменти играат екипите на Галатасарај и Ливерпул, а пред почетокот на овој дуел видовме една спектакуларна кореографија во режија на домашните фанови.

Имено, додека се интонираше химната на Лигата на шампионите ултрасите на турскиот клуб истакнаа транспарент на која беше тој и неговото семејство. На кореографијата беше прикажана сцена инспирирана од животната приказна на нигерискиот напаѓач. Осимен е претставен како го држи за рака својот помлад брат, додека во рацете ја носи својата сестра.

Над нив, од небото, нивната мајка ги набљудува додека стои меѓу урнатини, симболизирајќи го тешкото детство и животните предизвици со кои се соочувал фудбалерот. Инаку, Осимен без својата мајка остана уште во младоста.

Покрај тоа стоеше и текст на кој пишуваше:

„Ние сме семејство, а семејството е сѐ!“

Тоа толку многу го погоди Осимен што Нигериецот не можеше и да ги задржи солзите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×