Интер и Милан одиграа супер дерби со пет голови, голем пресврт и шанси на двете страни.
Нероазурите влегоа како фаворити во мечот, но првото полувреме им припадна на росонерите.
Мрежите мируваа до 40. минута кога по асистенција од Ибрахимовиќ, Анте Ребиќ постигна гол за водство на Милан од 1-0.
Во судиското продолжение од првиот дел, Ибрахимовиќ постигна со глава за зголемување на предноста од 2-0.
Но, во вториот дел како да излезе друг Интер на теренот. За само три минути ја анулираа негативата. Брозовиќ погоди во 51. минута, Весино три минути подоцна за 2-2.
Во 70. минута Де Врај реализираше со глава за комплетен пресврт и водство на Интер од 3-2.
Следуваше фантастична пречка на Ериксен, а стативата беше сојузник и на Интер кога Ибрахимовиќ стрелаше со глава во финишот.
Во третата минута од судиското продолжение Лукаку постигна гол и го завери триумфот поставувајќи го конечниот резултат од 4-2.
Интер со оваа победа максимално го искористи киксот на Јувентус, сега се први со ист број на бодови но подобра гол разлика.