71
Избраниците на Лучано Спалети прокнижија нови три бода, попладнево на Џузепе Меаца, Интер беше подобар од СПАЛ.
Новајлијата прикажа импресивни партии во претходните две кола, а и денеска го намачи фаворитот.
Резултатот го отвори Мауро Икарди од пенал во 27. минута.
Интер долго време имаше минимално водство а победата беше потврдена во последните мигови од средбата.
Иван Перишиќ со спектакуларен волеј од врвот на шеснаесетникот ги реши сите дилеми околу победникот и ги постави конечните 2-0.