Манчестер јунајтед секунди го делеа од победа во Лион, но домаќините се извадија во последната минута од натпревар кој заврши 2-2, немаше победник и на дуелот меѓу Тотнем и Ајнтрахт кој заврши 1-1.
Денеска се одиграа првите четвртфинални натпревари од Лига Европа, а најинтересно беше во Франција каде Лион и Манчестер јунајтед одиграа реми во меч со четири голови.
Поведе Лион со гол во 26. минута кога Алмада постигна погодок од слободен удар по еден голем кикс на Онана.
Во петтата минута од судиското продолжение во првиот дел Јоро постигна погодок за 1-1.
Течеше 88. минута кога по асистенција од Френандеш, Зиркзе реализираше за комплетен пресврт и водство на Манчестер јунајтед од 2-1.
Се чинеше дека ѓаволите го добија мечот, но Черки во 95. минута постигна гол по една одбиена топка од Онана и ги постави конечните 2-2.
Патникот во полуфиналето ќе се решава во реваншот на Олд Трафорд.
Ајнтрахт уште во шестата минута поведе со 1-0 на гостувањето кај Тотнем, Екитике го даде голот.
Во 26. минута Педро Поро изедначи на 1-1, што беше и конечен резултат на мечот.
Нерешено заврши и мечот меѓу Ренџерс и Атлетик Билбао, на тој дуел немаше ни погодоци.
Претходно Бодо/Глимт со 2-0 го победи Лацио.