Спектакуларен меч во Лондон, Барселона го победи Тотнем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона си замина со целиот плен од Лондон откако го победи Тотнем со 4-2. Возбудувањата почнаа уште во втората минута кога Филипе Кутињо одлично пласираше во празната мрежа на Лорис за водство на гостите од 1-0.

Во 28. минута вистинска фудбалска убавица, Иван Ракитиќ постигна прекрасен гол од далечина за водство на Барселона од 2-0. Со овој резултат се замина на одморот.

По седум минути игра во второто полувреме Хари Кејн реализира за 2-1, Тотнем се врати во живот, но радоста траеше кратко бидејќи веќе во 56. минута Меси постигнува гол за водство на Барселона од 3-1.

Десет минути подоцна Тотнем повторно се враќа во игра, овој пат Ламела биеше од далечина, топката на патот до голот го смени правецот и заврши во мрежата на Тер Штеген.

Домаќините атакуваа кон изедначување, па одбраната беше разредена кога Меси во 90. минута постигна гол за конечни 4-2 за Барселона.

За разлика од Лондон, во Неапол само еден гол го реши натпреварот и тоа пред самиот крај на натпреварот.

Дербито меѓу Наполи и Ливерпул го доби италијанскиот клуб благодарение на гол на Инсиње во 90. минута.

Интер со пресврт дојде до гостинска победа кај ПСВ, Наинголан и Икарди беа стрелци за Нероазурите.

Атлетико Мадрид со 3-1 го победи Клуб Бриж, Борусија Дортмунд со 3-0 славеше над Монако, Порто забележа минимален триумф од 1-0 над Галатасарај.

Претходно ПСЖ со 6-1 ја победи Црвена звезда, Шалке со 1-0 славеше на гостувањето кај Локомотив Москва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×