Одличен натпревар полн со возбудување, шанси и голови на Барселона и Реал Мадрид.
„Ел Класико“ пресметката во Мајами ја добија „Каталонците“, кои со 3-2 славеа над лутиот ривал.
Резултатот беше отворен уште во 3. минута, Меси со помош на Варан го матираше Навас.
Во 7. минута веќе беше 2-0, Ракитиќ биеше прецизно од работ на шеснаесетникот.
На спротивната страна, уште еден Хрват возврати во иста мера, Ковачиќ со удар од врвот на шеснаесетникот ја затресе мрежата на Силесен.
По еден брз против напад, Асенсио изедначи на 2-2 во 36. минута.
На стартот од вториот дел падна нов гол. Фудбалерите на Реал заборавија на Пике, кој сам од пет метри ја затресе мрежата по една нафрлена топка од прекин.
До крајот на средбата двете екипи имаа уште неколку изгледни шанси за гол, но резултатот остана непроменет.