Спектакл во Мадрид со пет гола и црвен картон – се радуваше Реал! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид излезе како победник од градското дерби со Атлетико, славејќи со 3-2 во возбудлив натпревар од 29. коло во Ла Лига.

Атлетико прв зададе удар и поведе во 23. минута преку Лукман, но „кралевите“ во второто полувреме направија пресврт. Брахим Дијаз изнуди пенал, а Винисиус Жуниор сигурно реализираше за израмнување. Само неколку минути подоцна Феде Валверде донесе целосен пресврт и водство од 2-1.

Гостите не се предадоа и преку фантастичниот погодок на Молина повторно се вратија во игра, но Реал брзо одговори – Винисиус со својот втор гол на мечот повторно ја донесе предноста на домашниот тим.

Дополнителна драма внесе исклучувањето на Валверде во 77. минута, кога Реал остана со играч помалку, но и покрај тоа успеа да ја сочува предноста и да освои значајни три бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×