Спектакл без победник во Купот на Шпанија: Барселона и Атлетико одиграа натпревар за паметење! (ВИДЕО)

by Стефан
5 минути читање

Барселона и Атлетико Мадрид вечерва го одигра еден од најдобрите натпревари сезонава во шпанскиот фудбал, а на крајот натпреварот заврши без победник и тоа по осум постигнати гола 4:4.

Возбудувањата започнаа по само 50 секунди игра кога Хулијан Алварез ја погоди мрежата на Барселона. Веќе во петтата минута Гризман се запиша во листата на стрелци за водство на „јорганџиите“ од 0:2.

Фуриозниот старт на гостите не ја откажа Барселона која возврати со два брзи гола за израмнување. Прво Педри намали на 1:2 во 19. минута, а веќе во 21. беше 2:2, се погрижи дефанзивецот Кубарси.

Барселона пред крајот на првото полувреме стигна и до целосен пресврт со голот н Иниго Мартинез.

За нов гол се чекаше до 74. минута кога фантастичниот Ламин Јамал креираше идеална позиција за Роберт Левандовски за водство од два гола на Барселона. Но, како што Барселона се врати од два гола негатива, така се врати и Атлетико.

Љоренте во 84. минута намалува на 4-3, а Сорлот во последните моменти постигна гол за конечни 4:4.

Двете екипи сега ги чека реванш на 2 април на стадионот на Атлетико Мадрид каде што ќе се решава патникот во финалето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани