Турската верзија на фудбалскиот портал „Goal“ излезе со
специјално издание, сторија за 30 годишниот македонски напаѓач од редовите на
Гезтепе, Адис Јаховиќ.
Во сторијата, фудбалскиот портал пишува за тоа дека
семејството на нашиот фудбалер не било многу богато, па тешко се снаоѓал во
услови да сака да постигне нешто повеќе, инаку, Адис пред да почне со фудбалот,
се занимавал со карате.
„И покрај сите препреки, тој воопшто не размислувал да
се откаже од фудбалот, решил да се повлече од каратето и да ги провери своите
можности со фудбалската топка“ пишува „Goal“.
Меѓудругото истиот медиум пишува за тоа како минала
фудбалската кариера на Јаховиќ на професионален план, издвојувајќи го Гезтепе
како негов најголем успех досега.
Македонецот со 11 гола засега е најдобар стрелец во
турската Суперлига, неговиот актуелен важечки договор со Гезтепе истекува
идното лето, клубот веќе е во преговори со него околу продолжување на
соработката, а веќе пристигнаа и понуди од Бешикташ и Анталијаспор, пред се
ЦСКА Москва која се чини дека е најконкретна и кон Гезтепе, и кон нашиот
напаѓач.