Шпанските медиуми тврдат: Нејмар го пропушта Ел Класико

by
1 минути читање

Нејмар беше исклучен на мечот против Малага откако доби два жолти картони. Бразилецот саркастично му аплаудираше на судијата, а токму тоа може да го чини пропуштање на Ел Класико дуелот.

Нејмар за исклучувањето треба да добие еден меч казна, но поради реакцијата суспензијата може да биде поголема.

„Марка“ тврди дека тој ќе добие суспензија од три меча, еден поради исклучувањето и два поради саркастичниот аплауз.

Официјалната одлука ќе биде соопштена утре.

Ел Класико дуелот помеѓу Реал Мадрид и Барселона се игра на 23. април, пред тој меч Каталонците во Ла Лига играат со Реал Сосиедад. Само во случај Нејмар да добие еден меч суспензија, нема да го пропушти големиот натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани