Шпански доктори ќе го лечат Салах, светот се моли тој да игра во Русија!

by
1 минути читање

Мохамед Салах заработи сериозна повреда во финалето од Лигата на шампионите при еден дуел со Серхио Рамос и неговиот настап на Светското првенство во Русија е под знак прашалник

Прогнозите не се светли, но египетскиот фудбалер изрази надеж дека сепак ќе стигне навреме да се рехабилитира од повредата.

Тој од утре ќе биде во Шпанија каде ќе биде подложен на медицински третман за санирање на повредата на рамото.

Со него ќе бидат официјални лица од египетската репрезентација и претставници на Ливерпул.

Во меѓувреме неговата адреса е преплавена со пораки за поддршка кои пристигнуваат од целиот свет.

Салах имаше неверојатна сезона во дресот на Ливерпул и би било голема штета доколку не може да настапи на Светското првенство за Египет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани