Шпанска политичарка до Гвардиола: Ја клеветиш Шпанија, а не сум слушнала ниту збор од тебе за Катар?

by
1 минути читање

Шпанската
политичарка Инес Аримадас возврати на најновите раздвижувања околу темата со
Каталонија, политичка тема која знае постојано да се пресели и во спортот,
најмногу секако во фудбалот, каде во центарот на вниманието освен каталонскиот
гигант Барселона, често се наоѓа и Пеп Гвардиола.

Тренерот на
Манчестер Сити е познат по тоа што е активен во битката за независност на
Каталонија, тој веднаш упати критики поради затворањето на неколкумина политички
лидери во Каталонија, а Инес Аримадас го потсети за неговата улога како
амбасадор за Светското првенство во Катар предвидено да се одржи во 2022.
година.

Го сакам Гвардиола
како фудбалер, но и како тренер, но ги осудувам неговите политички активности

напиша Инес на социјалните мрежи.

Многу е храбро
да се клевети Шпанија, меѓутоа тој не рекол ниту збор за Катар каде направи
зделка
“ додаде таа.

Во нашата демократија постои простор за секаква идеологија, меѓутоа без притоа да се кршат законите, тоа не е несогласување“ заклучи Инес Аримадас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×