Шпанија се намачи со Норвешка, Италија сигурна против Финска (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шпанија едвај
дојде до победа над Норвешка пред своја публика, откако славеше со 2-1 на
крајот
, а Норвежаните пружија
максимален отпор да дојдат барем до бод од мечот кој се одигра на Местаља во
Валенсија.

Родриго погоди за
водство на Шпанија уште во 16. минута, а со тој резултат домаќинот замина на
паузата по првите 45 минути игра.

Во второто
полувреме Кинг погоди во 65. минута за 1-1 од пенал, а од белата точка беше
успешен и Рамос кој во 71. минута ги постави конечните 2-1 во корист на Шпанија
на пресметката.



Од останатите
натпревари ја бележиме и победата на подновената Италија против Финска на
домашен терен со 2-0.

Бареља уште во 7.
минута погоди за 1-0, а младиот Кин ја потврди победата на Аѕурите откако во
74. минута ги постави конечните 2-0 од мечот во Удине во корист на фаворитот.

 

Резултати:

Грузија –  Швајцарија 0:2

Гибралтар – Ирска
0:1

Малта – Фарски Острови
2:1

Шведска –
Романија
2:1

Босна и
Херцеговина – Ерменија
2:0

Италија – Финска 2:0

Лихтенштајн –
Грција
0:2

Шпанија –
Норвешка
2:1

Можно е и ова да ти се допаѓа

×