Шпанија се мачи против незгодниот Иран, без голови на полувремето

by
1 минути читање

Португалија
славеше минимална победа од 1-0 против Мароко во рамките на второто коло од
група „Б“, доволно според играта што ја прикажа, а во истата конкуренција
Шпанија на полувремето има 0-0 против незгодниот Иран кој славеше во првото
коло против Мароко со 1-0.

Црвената Фурија
доминира на средбата, но имаше десет обиди кон противничкиот гол од кои само
еден беше во рамките, Иранците имаа два обида, ниту еден прецизен.

Ништо не донесе
ниту доминацијата во поглед на поседот на топката каде Шпанците имаат дури 83%,
а првите 45 минути игра минаа без ниту една посериозна шанса, ниту на едната,
ниту на другата страна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани