Шпанија ја елиминираше Албанија, Италија во 98. минута ја расплака Хрватска (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање

Шпанија со 1-0 ја совлада Албанија и ја елиминираше од Европското првенство, Италија во 98. минута ја расплака Хрватска и практично ги исфрли „коцкестите“ од континенталниот собир.

Драматична разврска во Групата Б, Шпанија и Италија го продолжуваат насапот на Европското првенство, Албанија е елиминирана, а Хрватска има само теоретски шанси за осмина-финале.

„Црвената-фурија“ ја потврди одличната форма и со втор тим славеше со 1-0 пртив Албанија, Феран Торес беше стрелец на единствениот гол на натпреварот во 13. минута.

Во Лајпциг, Хрватска беше на чекор до победа над Италија и пласман во нок-аут фазата, но Закањи во финишот ги расплака „коцкестите“.

Модриќ промаши пенал, но во следниот напад го матираше Донарума за 1-0 во 55. минута.

И кога се чинеше дека Хрватска ќе победи, Закањи убаво пласираше во аголот во 98. минута, ја врати Италија на втората позиција и практично ја исфрли Хрватска од континенталниот собир.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани