Шпанија е помеѓу
главните фаворити за освојување на светската титула на Мундијалот во Русија, но
тимот на Хулен Лопетеги се соочува со проблеми пред првиот меч.
Стандардните
репрезентативци Жерард Пике и Давид Силва се неизвесни пред клучниот дуел во групата
„Б“ за Црвената фурија, пресметката со Португалија, меч кој воедно е за првото
место во таа конкуренција, ако се земе во предвид дека останатите две селекции
се Мароко и Иран.
Според
информациите кои ги пренесе Марка, Пике се здобил со повреда на коленото на
денешниот тренинг, а Силва исто така предвреме го напушти тренингот, но
причината за тоа засега е непозната.
Мега пресметката
помеѓу Португалија и Шпанија е предвидена да се одигра во петок со почеток од
20 часот.