Сантијаго Санчес на 9 јануари од Мадрид тргнал пешки кон Доха, планот му бил да стигне во Катар за Светското првенство. На патот на оваа негова авантура, тој постојано објавуваше фотографии на инстаграм и информираше каде е. Но тоа прекина да се случува на 1 октомври.
Неговата последна објава на инстаграм била од село во областа Пенџвин во Ирак, веднаш до границата со Иран. Потоа тој губи контакт со неговите најблиски и веќе нема објави на инстаграм.
Мистерија стана судбината на Санчес, како одминуваше времето се зголемуваа стравувањата дека тој веќе не е жив. Дека е убие во опасните области каде што патувал.
Но, иранската национална телевизија објави вест која ги израдува најблиските на шпанскиот авантурист, тој е жив, но се наоѓа во ирански затвор.
Информацијата вели дека Санчез бил уапсен во Сакез, град во курдинстанската провинција во Иран. Што е веднаш до границата на Ирак. Тој е уаспен заедно со неговиот преведувач.
Еден негов пријател од Мадрид, Мигел за весникот „Марка“ вели дека според него, Сантијаго бил затворен поради тензичната политичка ситуација во Иран во моментов.
„На 2 октомври неговите последни зборови беа ‘овде малку е жешко, но добро е’, мислејќи на конфликтите и политичката тензија во Иран. Сигурно е задржан и затворен додека не се смири ситуацијата таму. Тие не сакаат никој да вади надвор никаква информација за случувањата и за животот кај нив“, вели Мигел за „Марка“.
Засега не е познато кога ќе биде пуштен Сантијаго Санчес од затвор, но тоа што е најважно е дека тој е жив.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.