Шпанците со досие од 44 страни бараат ПСЖ да биде исфрлен од Лигата на шампионите, ова се клучните замерки

by
2 минути читање

По трансферот на
Нејмар вреден 222 милиони евра, како и оној на Мбапе од 180 милиони евра (кој
се води како позајмица со опција за целосен откуп на играчот), гигантите ширум
Европа се побунија, па УЕФА покрена постапка против ПСЖ.

Според денешното
издание на Лекип, европската куќа на фудбалот се решила за формална истрага на
барања на Ла Лига.

Првиот човек,
Хавиер Тебас изготвил досие од 44 страни со кое покажува како „Светците“ ги
изигруваат правилата за Финансиски фер-плеј.

Студијата
покажува дека четирите големи спонзори на ПСЖ се од Катар, земјата која го
поседува клубот. Парите добиено од Оредо, Националната банка на Катар, БеИН
Спортс и Агенцијата за Туризам на Катар обезбедуваат дури 73% од буџетот на
клубот, бројки кои се недостижни за најголемите и далеку популарни клубови како
Барселона, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Баерн Минхен.

За Хавиер Тебас
ова е јасен знак за „финансиски допинг“ па тој бара ПСЖ да биде исфрлен од
Лигата на шампионите, а ако УЕФА остане глува, целиот случај ќе биде
презентиран пред Европската Унија.

Гледаме дека ПСЖ
и Манчестер Сити инвестираат повеќе од било кој друг во последните пет години
– вели Тебас.

„Нивниот
вистински приход не може да ги оправда овие инвестиции па тие имаат фиктивни
спонзорски договори со фирми поврзани со државата, и добиваат суми поголеми од
оние кои ги добиваат Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен или Манчестер јунајтед
.

„Приходите на
директен или индиректен начин се поврзани со Катар и ПСЖ продолжува да мами
.

„Ќе почекаме да
видиме што УЕФА ќе направи. Доколку ништо не се случи, ќе се пожалиме до
Европската Унија
.

„Доколку во текот
на сезоната се покаже дека ПСЖ ги прекршил правилата, зошто да не бидат исфрлени
од Лигата на шампионите?
.

„Кога некој
велосипедист ќе падне на допинг тест, веднаш го исфрлаат од трката, па ова
треба да се примени и во фудбалот
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×