Шпанците не се ни изморија, а постигнаа два гола во првото полувреме против Македонија (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Македонија на
домашен терен ја пречекува Шпанија во шестото коло од групата „Г“, на
полувремето од мечот на „Телеком арената“ во Скопје гостите водат со 0-2.

Водечкиот погодок
за фаворитот го постигна Силва во 15. минута, откако искористи мала конфузија
во нашата одбрана.

Веќе во 27. минута
од мечот при една одлична акција, гостите преку Диего Коста поведоа и со 0-2.

Шпанците имаат
целосна доминација на мечот, гостите се најчесто во половината на нашата
фудбалска репрезентација која едноставно по првите 45 минути игра делува
импресионирано од противникот и длабоко е набиена во својата половина.

Како за
илустрација за тоа што се случуваше во првиот дел, гостите имаа посед на
топката од цели 76% по првите 30 минути игра.


David Silva Goal HD – FYR Macedonia 0-1 Spain… by Goals_online

0-2 Diego Costa Goal HD – FYR Macedonia vs… by footyscore

Единствената
шанса за нашата селекција и прва на мечот дојде преку Стефан Ристовски во 31. минута,
но тоа беше неуспешно и обидот мина покрај голот.

Фото-вест:
mundodeportivo.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани