По поразот од
Лацио, Лучано Спалети жестоко „удри“ по Мауро Икарди. Велеше дека е понижување
тоа што го молеле Аргентинецот да го облече дресот и истакна дека напаѓачот не
е Лео Меси или Кристијано Роналдо за да прави разлика.
Но на денешната
прес конференција во пресрет на дуелот со Џенова, Лучано Спалети почнаа да пее
друга песна. Тој сега вели дека Интер е посилен со напаѓачот и Аргентинецот за
„нероаѕурите“ е повреден од Меси и Роналдо заедно.
„Икарди е
повикан. Марота заврши одлична работа со тоа што помогна да се надминат
разликите помеѓу двете страни на прав начин. Мауро сега е во позиција да му
помогне на тимот и Интер со него е поквалитетен. За нашиот тим, тој вреди
повеќе од Меси и Роналдо заедно“ – вели Лучано Спалети.
Запрашан што се
променило од изминатиов викенд, кога Мауро Икарди беше изоставен од тимот,
стратегот додава: „Тренеираше добро и ги испрати правите сигнали дека сака да
помогне. Посилни сме со него, утре тој ќе биде стартер“.