Интер се поврзуваше со Антонио Конте и Диего Сименоне, но на крајот на жешкото столче седна Лучано Спалети.
Поранешниот тренер на Рома треба да ги врати „Нероаѕурите“ на победничките патеки, но неговата авантура во Милано се соочува со проблеми уште на самиот старт.
Интер е прилично тивок на трансфер пазарот, клубот од Џузепе Меаца се поврзува со голем број на играчи, но нема пристигнато ниту едно звучно име.
„Ми беа ветени одредени работи, и доколку тие не се остварат, одново јавно ќе се огласам“ – вели Лучано Спалети.
„Кога ќе дадете ветување, треба да го остварите. Одредени играчи мора да бидат купени“.
„Во весниците постојано гледам како пишува дека имаме 150 милиони евра за засилувања, но некој треба да ги обезбеди овие пари“.
„Треба да ми го дадат она што го имав во Рома. Напуштив Лига на шампиони за да дојдам тука, и Интер треба да ми го врати ова“.