Лучано Спалети може многу брзо да си најде нова работа по разделбата со Италија, на неговата врата тропнал Ал Наср со богата понуда и плата од 18 милиони евра по сезона.
Тешкиот пораз од Норвешка во квалификациите за Светското првенство донесе многу турбуленции во редовите на „аѕурите“ а цехот го плати Лучано Спалети, кој доби отказ и натпреварот против Молдавија во вторникот беше негов последен на клупата на Италија.
Сепак, тој нема долго да жали за разделбата, медиумите пренесуваат дека стратегот веднаш ќе си најде работа.
Ал Наср, клубот каде што настапува Кристијано Роналдо, уште во неделата почнал да опипува терен и ги интензивирал преговорите откако стана јасно дека Италија ќе му „удри клоца“ на Лучано Спалети.
На маса е ставен предлог за двегодишна соработка со прилично богата плата од 18 милиони евра по сезона.
Лучано Спалети се уште не донел одлука, но е привлечен од понудата.
ФОТО: X/Nazionale Italiana