Интер тргна со
победа во воведното коло од групите во Лигата на шампионите, иако губеше во
Милано, Нероаѕурите го свртеа резултатот во своја полза и на крајот славеа со
2-1.
Лучиано Спалети
смета дека дека не е коректно тоа што Интер направи неверојатен пресврт против
Премиерлигашот да се сведе на карактер како причина, тој смета дека неговите
избраници покажале повеќе од карактер, го наведе и интелентниот пристап во
играта, добриот пресинг и балансот кој го задржале во играта.
„Да се добие меч
како тој во вторникот ви дава голема самодоверба и докажува дека можеме нешто
повеќе од ова. Мислам дека ова ни беше ветер во грб во пресрет на утрешната
средба (против Сампдорија), покажавме карактер против Тотенхем, но, би сакал да
истакна дека игравме интелегентно, имавме добар пресинг на теренот а не
загубивме баланс во играта“ рече Спалети.
„Покажавме
карактер, но, тоа не е единствената причина за успехот, Икарди дава максимум од
себе на теренот, јасно е дека неговата игра носи бенефит за тимот, но останатите
мораат да сторат се’ што е во
нивна можност за неговиот квалитет да дојде до израз, да го стават во една
позиција од моја може да извлече максимум“ додаде шефот на стручниот штаб на Нероаѕурите.