Спалети ќе биде нов тренер на Интер?

by
1 минути читање

Договорот на Спалети со Рома истекува по крајот на оваа сезона и тој се уште не ставил потпис на нов.

Гласините велат дека нема ни да стави, туку поголеми шанси има да стане нов тренер на Интер.

Амбициозните кинески газди, сакаат да го вратат Интер на врвот, а за да го направат тоа им треба и добар тренер. 

Сегашниот тренер Стефано Пиоли е под притисок по двата порази по ред со кои Интер ги загуби шансите за третата позиција а можеби нема ни да избори место во Европа.

Останува да видиме дали токму Спалети ќе седне на жешкото столче на Интер и ќе го предводи клубот кој од заминувањето на Мурињо немал некој позабележителен успех.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани