Интер во моментов
е на добра позиција да ги оствари своите амбиции сезонава, а тоа е да избори
место помеѓу најдобрите четири во Серија А, и со тоа да обезбеди место во
Лигата на шампионите за следната сезона.
Сепак,
Нероаѕурите имаат четири бода предност во однос на четвртопласираниот Милан, и
пет во однос на Аталанта, амбициите се уште не се остварени а токму Аталанта е
утрешниот противник на Интер.
Лучијано Спалети
на денешната пресконференција во пресрет на дуелот со Аталанта пред своја
публика кој е од големо значење за неговиот тим, беше запрашан и за статусот на
Мауро Икарди, аргентинскиот напаѓач играше за прв пат по 13 февруари откако му
беше одземена капитентската лента и погоди од пенал, а воедно и асистираше во
голот на Перишиќ во убедливата победа од 4-0 над Џенова.
„Проблемот со
Икарди беше можност да се увиди фактот дека Интер е тим, а не еден играч. Како
што кажав неколку пати претходно, постојат моменти во текот на сезоната кои
мора да бидат анализирани внимателно, сите треба да правиме тоа што е најдобро
во такви моменти за овие клупски бои“ посочи искусниот фудбалски стратег од
клупата на тимот од Милано.
„Мислам дека
тимот реагираше на вистински начин и покажа дека има потенцијал да носи
резултати против секој противник, имавме и ситуации со повредени фудбалери, но
составот е тој, има карактер и може да се носи во битката за топ четирите екипи“
додаде Спалети издвојувајќи го периодот без Икарди како ситуација со која се
докажала дека Нероаѕурите и без Икарди имаат состав кој има голем потенцијал.
Ултрасите на
Интер во најновото соопштение предупредија дека веќе „завршиле“ со Икарди, но и
натаму ќе го поддржуваат клубот, Спалети во однос на тоа издвои дека се надева
дека тие кои го имаат Интер во нивното срце ќе знаат како да се однесуваат во
периодот кој претстои за доброто на клубот.