Давиде Фратези од Интер е на врвот од листата со желби на Лучано Спалети, се шпекулира за можна трампа со Кефрен Турам, но се чини една ваква зделка е тешко изводлива.
Давиде Фратези има ограничена минутажа, па во пресрет на зимскиот преоден рок повторно се шпекулира за негово заминување.
Во последно време се почесто се пишува за преселба во Јувентус, фудбалерот од средниот ред е на врвот на листата со желби на тренерот Лучано Спалети.
Исто така се говори и за можна трампа помеѓу Јувентус и Интер, со која Давиде Фратези ќе се пресели во Торино, додека пак во Милано ќе пристигне Кефрен Турам, кој ќе може да игра покрај својот брат Маркус.
Сепак, Џорџо Кјелини порача дека „бјанконерите“ немаат намера да се разделат со Кефрен Турам во моментов, па ако се случи зделка помеѓу двата клуба, само Давиде Фратези ќе биде инволвиран.
Интер минатата сезона на Рома и бараше помеѓу 30-35 милиони евра, се очекува и сега да биде поставена истата цена и нема да има никаков попуст, особено за лутиот ривал Јувентус.