Спалети има желба: Во јануари може да видиме размена помеѓу Јувентус и Интер

by Стефан
1 минути читање

Екипите Јувентус и Интер би можеле да реализираат размена на играчи веќе во зимскиот преоден рок, а во фокусот се најдоа двајца фудбалери од средниот ред.

Како што открива реномираниот новинар Матео Морето, голема желба на Јувентус е Давиде Фратези, фудбалер кој во моментов е во застој во преговорите со Интер околу продолжувањето на договорот. Италијанските медиуми наведуваат дека селекторот Лучано Спалети високо го цени Фратези и би сакал да го има во својот тим, но „старата дама“ е подготвена да понуди размена со Кефрен Турам.

Францускиот интернационалец во моментов има поважна улога во тимот на Јувентус, бидејќи сезонава настапи на 18 натпревари во Серија А и Лигата на шампионите. Сепак, се шпекулира дека Интер би можел да прифати да се откаже од него доколку во спротивна насока пристигне Фратези.

Фратези, кој е две години постар од Турам, моментно е во втор план кај тренерот Кристијан Киву. Во текот на сезоната има одиграно помалку од 500 минути, а во Серија А запиша само осум настапи, со просек од околу 25 минути по натпревар.

И Ти=урам и Фратези имаат долгорочни договори, францускиот фудбалер е врзан за Јувентус до 2029 година, додека Фратези има договор со Интер до 2028, па останува да се види како ќе се одвиваат евентуалните преговори меѓу двата клуба.

Воедно, доколку се пресели во Интер, Кефрен Турам би станал соиграч со својот постар брат Маркус, кој веќе е дел од „нераѕурите“. Познато е дека нивниот татко, легендарниот Лилијан Тирам, остави длабока трага токму во Јувентус, каде настапуваше од 2001 до 2006 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×