Спалети: И правам услуга на Рома што не потпишувам нов договор

by
1 минути читање

Во последните денови се шпекулира дека Спалети би можел да биде тренер на Јувентус доколку Алегри си замине од италијанскиот шампион.

По вчерашната победа над Палермо од 3-0, Спалети беше запрашан зошто се уште не потпишал нов договор со клубот.

„Доколку загубам уште два натпревари можеби нема ни да ја завршам сезоната бидејќи Рома може да ми даде отказ“ – вели Спалети.

„Пред натпреварот со Палермо имавме четири порази од пет натпревари и луѓето продолжуваат да зборуваат за договорот?“

„Работите брзо се менуваат во фудбалот. Рома е голем клуб на кој му требаат резултати, па ако ме отпуштат со право ќе го напраат тоа“.

„Мислам дека му правам услуга на клубот со тоа што не потпишувам нов договор тие се среќни со тоа“.

„Минатата година го отпуштија тренерот Руди Гарсија кој и требаше да му исплатат уште три години според договорот. Па мислам дека им правам услуга“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани