Спалети: Фудбалот ми го уништи животот, не можам да спијам поради поразот од Норвешка

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот селектор на Италија, Лучијано Спалети, и натаму тешко се носи со разделбата од репрезентацијата по болниот пораз од Норвешка во квалификациите за Светското првенство.

Искусниот стратег, кој во јуни си замина по спогодбен раскин на договорот со федерацијата, вели дека не може да се помири со начинот на кој заврши неговата мисија. Во интервју за „Ла Република“ изјави дека не спие поради болката што му ја нанела таа средба.

Фудбалот ми го уништи животот. Го сакам повеќе отколку себе. Жртвував односи со најблиските поради него. Поразот од Норвешка со Италија ме држи буден ноќе. Тоа чувство нема никогаш да исчезне. Секогаш ми се враќаат мислите на тој натпревар. Кога мислам дека сум среќен, веднаш ми се враќа тој ужасен момент“, вели Спалети.

Тој додава дека ја прифатил функцијата со премногу емоции:
Кога те повикуваат да ја водиш Италија, не смееш да се водиш од емоции. Треба да си подготвен и целосно достапен. Тоа беше мојата грешка. Се препуштив на чувството на припадност и гордост, но сето тоа беше премногу за мене“, искрен е стратегот.

Спалети ја водеше Италија од септември 2023 до јуни 2025, а претходно ја освои Серија А со Наполи, додека во кариерата ги водеше уште Инетр, Рома, Удинезе, Анкона, Венеција, Сампдорија и Емполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×