Јувентус денеска можеше и теоретски да ја одбрани титулата во Италија, но на заверка на Скудетото ќе почека, можеби до утре ако Наполи не го победи Киево, или до следното коло од Серија А.
Алегри очекувано им даде одмор на своите најдобри фудбалери бидејќи ги очекува реваншот со Ајакс во Лигата на шампионите, а тоа го искористи СПАЛ и дојде до триумф.
Јувентус добро почна, поведе со 1-0 со гол на Кин во 30. минута, во тие моменти се чинеше дека СКудетото е многу блиску, но во второто полувреме работите се променија.
По четири минути игра во вториот дел Бонифази го изедначи резултатот на 1-1, а на 15. минути до крајот Фолакари погоди за победа на СПАЛ од 2-1.
На крајот СПАЛ славеше над Јувентус по повеќе од 60 години, а навивачите на Старата Дама кои дојдоа да ја прослават титулата разочарани се враќаат во Торино.