СП 2022: Кои репрезентации се квалификуваа, како изгледаат шеширите и кога е ждрепката

by
3 минути читање

Се ближи крајот
на квалификаците за СП 2022, познати се 27 учесници, ноќеска уште две
репрезентации ќе го потврдат билетот за Катар, а последните три патници ќе
бидат познати во јуни.

Ова се учесниците
до овој момент:

Домаќин: Катар

Азија: Иран, Јужна
Кореја, Јапонија и Саудиска Арабија

Африка: Гана,
Сенегал, Мароко, Тунис и Камерун

Европа: Србија, Хрватска, Шпанија, Швајцарија, Франција, Белгија, Данска, Холандија, Англија,
Германија, Полска и Португалија

Северена и Средна
Америка
: Канада

Јужна Америка:
Бразил, Аргентина, Еквадор и Уругвај

Ноќеска се игра
последното коло од квалификациите во Северна и Средна Америка (КОНКАКАФ), кое
треба да ги потврди Мексико и САД како директни учесници, а Коста Рика да брка шанса преку бараж.

Последните три
учесници ќе бидат познати по бараж мечевите во јуни кога Велес ќе игра со
подобриот од дуелот помеѓу Украина и Шкотска, Перу ќе игра против победникот од
пресметката помеѓу Австралија и Обединетите Арапски Емирати, а четвртопласаираниот
од КОНКАКАФ (најверојатно Коста Рика) ќе ги одмери силите со подобриот од дуелот
помеѓу Соломонските Острови и Нов Зеланд.

Ждрепката за
мундијалот во Катар ќе се одржи во петок (1. април), и веќе е познато како ќе
изгледаат шеширите.

Шешир 1: Катар,
Бразил, Белгија, Франција, Аргентина, Англија, Шпанија и Португалија

Шешир 2:
Холандија, Германија, Данска, Швајцарија, Хрватска, Уругвај, Мексико*, САД*

Шешир 3: Сенегал,
Иран, Јапонија, Србија, Мароко, Јужна Кореја, Полска, Тунис/Канада

Шешир 4: Тунис/Канада,
Камерун, Еквадор, Саудиска Арабија, Гана, Костарика – Соломонски Острови/Нов
Зеланд, Перу – Австралија/ОАЕ, Велс – Украина/Шкотска

*Доколку директно
обезбедат настап на мундијалот, што се однесува до Канада и Тунис,
репрезентацијата која ќе има подобар ранкинг на 31. март ќе биде во шеширот
број 3.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани