Совршен старт за Арсенал, победа против Јунајтед на Олд Трафорд! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Арсенал со гол на Калафиори го победи Манчестер јунајтед со 1-0 во првиот меч од новата сезона во Премиер лигата.

Момците на Артета имаат идеален старт на сезоната во која треба да ја нападнат шампионската титула. Го победија Манчестер јунајтед на негов терен.

Манчестер јунајтед не одигра лош натпревар, делуваше подобро од минатата сезона, но не успеа да ја затресе мрежата на Раја.

Клучниот момент се случи во 13. минута кога Арсенал покажа дека и оваа сезона прекините ќе бидат нивното силно оружје. По еден корнер, Калафиори даде гол за водство од 1-0 кое на крајот се покажа и како конечен резултат.

Големи три бода за Арсенал, Јунајтед може да биде задоволен од играта, но не и од резултатот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×