Шоу на Меси на Камп Ноу, Барса рутински против Алавес (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По лошиот настап на мундијалот во Русија, Лео Меси повторно е оној стариот, Аргентинецот вечерва имаше шоу на Камп Ноу и ја предводеше Барса до победа од 3-0.

Гостите со цврста игра во одбраната одолеваа еден час и покрај тоа што „Каталонците“ имаа неколку добри прилики а ја погодија и рамката од голот.

Но потоа на сцена стапи Лео Меси, напаѓачот сам изнуди прекршок на врвот од шеснаесетникот откако влезе во продор и издрибла неколку противнички играчи. Потоа тој итро биеше под живиот ѕид и го отвори резултатот а воедно го постигна и погодокот број 6.000 за Барса во Ла Лига.

Филипе Кутињо ги реши сите дилеми околу победникот во 83. минута, за во судиското надополнување Лео Меси да стави точка на натпреварот. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×