Шоу на Лукаку против Џенова, Интер ја заврши годината рамо до рамо со Јувентус (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер ќе ја заврши годината на делба на првото место на табелата со Јувентус, по двата нерешени резултати, „нероаѕурите“ вечерва им се вратија на победите и ја совладаа Џенова со 4-0.

Мечот го одбележа Ромелу Лукаку, напаѓачот постигна два гола, намести еден а имаше и прекрасен гест и му дозволи на 17 годишниот Еспозито да шутира пенал.

Резултатот беше отворен во 31. минута, Кандрева нафрли а Лукаку со глава прецизно биеше за 1-0. 90 секунди подоцна, Лукаку му асистираше на Гаљардини за 2-0.

Гестот за пофалба се случи во 64. минута, Гаљардини беше соборен, судијата досуди пенал, а Лукаку ја зеде топката, му ја даде на Еспозито и го остави тинејџерот да го постигне деби голот во дресот на Интер.

Во 71. минута Лукаку сам си креираше простор и неодбранливо биеше под пречката за 4-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×