Шоу на Кристијано Роналдо, голема победа на Реал Мадрид! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид со убедливи 3-0 го победи градскиот ривал Атлетико во првата полуфинална пресметка од Лигата на шампионите, ѕвезда на вечерта беше Кристијано Роналдо.

Ѕвездата на Реал Мадрид серијата ја отвори по еден сомнителен погодок, ја тресеше мрежата во 10. минута од чиста ситуација, но во претходната акција беше во офсајд кој не беше досуден бидејќи топката не стигна до него, но беше јасно дека е упатена кон него.

Во најголемиот дел од првото полувреме се играше офанзивен, возбудлив фудбал во кој доминираше Реал Мадрид создавајќи неколку убави шанси за гол.

Во второто полувреме темпото спласна, Реал Мадрид ја имаше контролата и го умртвуваше мечот, Атлетико Мадрид залудно се обидуваше да постигне гол.

Во 73. минута една топка дојде до Кристијано Роналдо кој со силен удар ја заби во мрежата на Облак за водство од 2-0.

На четири минути до крајот, Кристијано Роналдо го постигна и својот трет гол, комплетираше хет-трик за голема победа на Реал Мадрид.

Во реваншот на Атлетико Мадрид ќе му биде потребно чудо за да ја анулира големата негатива, Реал Мадрид е речиси пласиран во финалето од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани