Шоу на Депај во Амстердам, Холандија ја наполни мрежата на Турција (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Холандија и се
реваншираше на Турција за поразот на стартот од квалификациите за СП 2022,
вечерва во Амстердам, „лалињата“ славеа со убедливи 6-1.

За првиот погодок
беа потребни само 55 секунди, Депај и Класен прекрасно проиграа во срцето на
шеснаесетникот за фудбалерот на Ајакс прецизно да бие по земја за 1-0.

Во 16. минута, Класен и Депај одново мајсторски проиграа, но улогите беа променети и напаѓачот на Барса
реализираше за 2-0.

Во 38. минута,
Холандија доби пенал, Депај ја превзеде одговорноста и со „паненка“ донесе 3-0.
За проблемите на Турција да бидат поголеми, Сојунџу во финишот на првиот дел
заработи црвен картон, па гостите второто полувреме го играа со играч помалку.

Холандија очигледно
не сакаше да забави па по десет минути игра во продолжението Депај се најде на
право место и стигна до хет-трик.

Тил во 80. минута
зголеми на 5-0, Мален погоди во 90. минута за 6-0, а во последните мигови,
Ундер постигна почесен гол за Турција и ги постави конечните 6-1.

Антоан Гризман со
два гола донесе победа за Франција од 2-0 над Финска, „триколорите“ со овој
триумф се зацврстија на првото место во групата.

Данска со висока
победа од 5-0 над Израел остана со 100% учинкок и со 18 бода веќе со една нога е
на мундијалот во Катар.

Халанд уште еднаш
покажа дека е гол-машина, напаѓачот на Борусија забележа хет-трик против
Гибралтар во победата на Норвешка од 5-1.

Русија рутински
одработи против Малта и со 2-0 стигна до нови три бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани