Состојбата на Рушту Реџбер нагло се влошила, легендарниот голман се бори за својот живот

by
1 минути читање

Поранешниот чувар
на мрежата на Фенербахче, Барселона и Бешикташ, изминатиов викенд беше
хоспитализиран со симптоми на коронавирус и тестовите покажаа дека е позитивен
на Ковид 19.

Според пишувањата
на медиумите од Турција, здравствената состојба на Рушти Реџбер нагло се
вложила и легендарниот голман се бори за својот живот.

Исто така, прстот
веднаш беше вперен кон неговата сопруга Ишил Реџбер, која наводно го заразила.
Таа неодамна се вратила од САД и не ги почитувала мерките за карантин, наместо
да седи дома, била во посета на салон за убавина и со тоа го загрозила и
здравјето на други луѓе.

Сепак, Ишил
Реџбер ги демантираше ваквите обвинувања, изјави дека се вратила од САД пред
три недели, и дека била во изолација, излегла само еднаш за да оди до болница,
а исто така седела и во одвоена соба од Рушту Реџбер.

„Не ме интересира
што пишуваа, најважно ми е сопругот да ми се врати дома здрав и жив. Во
петокот, тој се пожали дека го болат мускулите и главата. Во саботата крена
температура и почна да кашла. Се загрижив па веднаш го однесов во болница.
Веднаш доби третман, но не сум го видела, нема пристап до спратот каде лежат
пациентите. Не е дозволено ниту да се разговара преку телефон. Докторите ми
рекоа дека првите 72 часа се многу критични“
– вели Ишил Реџбер, кој додава
дека таа, нејзината ќерка и нејзиниот син биле тестирани и тестовите биле
негативни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×