Шампионот на
Шпанија тргна во финална офанзива и утрово испрати делегација во Париз.
Генералниот извршен директор Грау, директорот Бордас, техничкиот секректар
Абидал и човекот од доверба Кари попладнево имаа состанок со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.
И покрај тоа што
се најавуваше дека првиот човек на „светците“, Ал Келаифи ќе биде дел од
состанок, тој бил отсутен, а на масата место имало и за агентот Пини Захави.
Средбата завршила
без договор, но медиумите велат дека во Барса владее оптимизам откако самиот Нејмар извршил притисок и го известил ПСЖ дека сака само назад на Камп Ноу, па „каталонците“
очекуваат да добијат позитивен одговор до крајот на преодниот рок.
Преговорите ќе
продолжат и во следните денови, а според Ле Парисиен денеска се разговарало за
понуда од 170 милиони евра. Весникот вели дека Барса сака да ја плати оваа сума
на две рати (практика која често се применува).