Сосиедад со идентичен резултат и во реваншот против Билвао до финале против Атлетико (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Реал Сосиедад вечерва со идентичен триумф како и во првиот натпревар против Атлетик Билбао од 1-0, сега на свој терен го обезбеди своето место во финалето на Копа дел Реј.

Беа домаќините подобар противник во најголем дел од натпреварот, но точка на двомечот беше ставена дури во самата завршница.

Победата ја обезбеди Ојаразабал кој беше прецизен од пенал во 87-та минута.

Во финалето, Сосиедад ќе ги одмери силите со Атлетико Мадрид кој ја елиминираше Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×