Сорлот ја „фрли“ Барселона на колена, Атлетико со гол во 96. минута ја освои Каталонија и го презеде врвот! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се радуваа во дербито на 18. коло во шпанската Ла Лига, совладувајќи ја Барселона со 1-2 (1-0).

Натпреварот на „Монжиук“ ѝ припадна на домашната екипа, меѓутоа резултатот на крајот не ги отсликуваше случувањата на теренот. Четата на Чоло Симеоне си ја исполни целта, се одбрани пред налетите на ривалот, а ги казни двете шанси кои ги доби и дојде до трите бода.

Резултатот го отвори Гави кој по половина час игра стрела по асистенција од Гави. Продолжи Барселона да притиска, меѓутоа не успеваше да го искористи тоа.

Атлетико во 60. минута стигна до израмнување со голот на Родриго Де Пол кој погоди за 1-1. Барса притискаше, редеше шанси преку Олмо, Рафиња, Педри… Сепак, откако не ги искористи своите шанси, стигна казната. Атлетико разви контра, а одбраната на домашните беше разредена. Молина добро истрча и му асистира на Александер Сорлот кој го сврте резултатот (1-2) во 96. минута.

Со оваа победа Атлетико го презеде врвот, сега со 41 бод е водечка екипа во Ла Лига, а Барса има 38 и меч повеќе, додека Реал е на 37.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани