Сопственикот на Рома се чуди: Милан нема пари а потроши 200 милиони евра на засилувања

by
2 минути читање

„Росонерите“ се
главен играч на трансфер пазарот во Серија А откако пред неколку месеци добија
нови сопственици од Кина.

На Сан Сиро
пристигнаа дури девет имиња, а Милан одвои преку 200 милиони евра.

Но трошењето нема да застане тука, „црвено-црните“ се обидуваат да донесат уште
некое ново име, по можност звучно засилување за нападот.

„Навистина не ми
е јасно што се случува со Милан
– вели сопственикот на Рома, Џејмс Палота.

„Ми нема никаква
логика. Кинезите немаа пари да го комлетираат превземањето на клубот. Позајмија
300 милиони евра од луѓе кои ги познавам во Лондон, и тоа со голема камата. А
сега видете како трошат…

„Одвојуваат
огромни суми, или барем плаќаат значјни суми како први рати, и еден ден во
иднина ќе имаат големи последици“.

„Велат дека со
пласман во Лигата на шампионите ќе можат да покријат се, но тоа нема да биде
доволно. Кога платите се еднакви на приходите, навистина немам идеја што се
случува“.

„Тие се
единствениот клуб од Серија А кој го загуби разумот. Можеби имаат некој голем
план кој ќе ни го откријат некој ден
.

„Ако можете да ми
објасните ве молам сторете го тоа, јас навистина не разбирам…“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани