Сопственикот на Манчестер јунајтед, Сер Џим Ратклиф вели дека Ерик тен Хаг е многу добар тренер, и додава дека тој не одлучува за иднината на Холанѓанецот.
По поразот од Тотнем на Олд Трафорд се вратија гласините за отказ на Олд Трафорд, се говореше дека стратегот би можел да го напушти Манчестер јунајтед доколку „ѓаволите“ потфрлат против Порто и Астон Вила.
Па новинарите денеска се обидоа да добијат одговор од сопственикот Сер Џим Ратклиф.
Запрашан дали и понтаму има верба во Тен Хаг, Ратклиф рече: „Мислам дека не сакам да одговорам на прашањето… Можам само да речам дека ми се допаѓа Ерик“.
„Мислам дека е многу добар тренер, но на крајот од денот јас не одлучувам за неговата иднина, тимот кој раководи со Манчестер јунајтед ќе одлучи што е најдобро за клубот“.
Тој потоа додаде: „Нашата цел е да го вратиме Манчестер јунајтед на победнички патеки, на местото на кое припаѓа и јасно е дека се уште не сме таму, не чека уште многу работа“.