Сопственикот на Јуве од Сплит порача: Ќе има трето натпреварување покрај ЛШ и ЛЕ

by
1 минути читање

Она што Билд го
најави минатиот месец денеска беше официјално потврдено на генералното собрание
на Асоцијацијата на клубови од Европа.

Претседателот на
ова здружение и сопственик на Јувентус, Андреа Ањели соопшти дека тие дале
зелено светло за формирање на ново натпреварување на стартиот континент.

Покрај Лигата на
шампионите и Лига Европа, од сезоната 2021/22 ќе има и трето натпреварување. За
имплементација на новиот формат сега се чека само на одобрување од извршниот
комитет на УЕФА, кој ќе заседава кон крајот на септември.

„Се чека
одобрување од страна на извршниот комитет на УЕФА, но ние дадовме зелено светло
за ново трето натпреварување, со кое ќе има 96 клубови во Европа од сезоната
2021/22“
– порача Ањели од Сплит.

Детали не беа откриени,
но според она што го пишуваше Билд во август, новото натпреварување ќе брои 32
тима, кои ќе бидат распоредени во осум групи, Победниците на
осумте групи потоа ќе се пласираат во осминафинале, додека второпласираните ќе
играат плеј-оф со третопласираните од осумте грпи во Лига Европа, која ќе има
нов фомат и ќе биде скратена од 48 на 32 тима.

И додека со ова ново натпреварување клубовите од
помалите првенства какво што е и она на Македонија ќе можат полесно да излезат во Европа, во пракса значи дека УЕФА полека ни ја затвара вратата и за Лига Европа. Со измените во Лигата на шампионите, каде дури 26 од 32 места се резервирани, клубовите од Македонија практично и да немаат шанси за настап во елитата. Со воведување на ново трето натпреварување шансите ќе бидат мали и за влез во Лига Европа, бидејќи таа сега ќе брои 16 клубови помалку, и сигурно најголемиот дел од местата ќе бидат резервирани за поголемите и побогатите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×