Сопственикот на ДИС открива: Нејмар ја прифати понудата на Реал, Барса го купи со мито

by
3 минути читање

ДИС поседуваше
40% од правата на Нејмар, фондот верува дека е изигран од страна на играчот и
Барселона, па правдата ја бара по судски пат.

Овој процент тие
ќе го добијат само од сумата која легна на сметката на Сантош, односно 17,1
милион евра, но Барселона за услугите на играчот плати многу повеќе или блиску
до 90 милиони евра.

Па затоа ДИС
верува дека е оштетени и на суд ги даде Нејмар, таткото на играчот и тогашниот
претседател на Барселона, Сандро Росел.

Во разговор со
АС, Делсир Сонда сега открива дека Нејмар прафатил понуда од Реал Мадрид, но
завршил во Барселона откако клубот од Камп Ноу го подмитил таткото на играчот.

„Нејмар кажа ДА
на понудата од Реал Мадрид
– вели Сонда. „Дури и ги помина редовните лекарски прегледи во клиника
која е во сопственост на мој пријател
.

„Реал Мадрид беше
подготвен да ја плати откупната клаузула од 65 милиони евра, и плус уште
додатни 10 милиони евра
.

Запрашан како
играчот завршил во Барселона, тој одговара: „Бидејќи Сандро Росел го подмити
неговиот татко
.

„Токму за оваа
корупција правдата ја бараме на суд
.

„Таткото на
Нејмар најпрво доби 10 милиони евра, кои официјално се водеа како заем. Барса
подоцна пред судот мораше да прифати дека е фудбалски клуб а не Банко
Сантандер. Па јасно е дека тоа не е позајмица
.

„Дали Нејмар бил
свесен за ова? Тој има потпишано 17 документи на хартија на која стои логото на
Барселона, и добивал пари од Барселона уште додека бил играч на Сантош
.

„Етички ова не е
исправно. Играше во финале од Светско клупско натпреварување во дресот на Сантош против
Барселона а примаше пари од „Каталонците“
.

„Кога видовме
каква неправда ни е направена побаравме да бидеме обештетени
.

„Имав високо
мислење за Нејмар, па сето ова ме остава со горчлив вкус во устата
.

„Се обидоа да не
изиграат
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани