Сопственикот на Атлетико за казната од 300 евра што ја доби Барса: Ова не е нормално, дајте ја јас ќе ја платам

by
1 минути читање

„Колчонероси“ ја
пријавија Барселона до Фудбалската федерација на Шпанија и побараа да им бидат
доплатени 80 милиони евра за трансферот на Антоан Гризман на Камп Ноу.

Клубот од „Ванда
Метрополитано“ смета дека има докази кои покажуваат дека Французинот почнал
преговори и се договорил со Барселона уште во март месец, кога неговата
клаузула изнесуваше 200 милиони евра.

Судијата кој го
доби случајот пресуди дека има докази само за тоа дека Барса остварила контакт со
Антоан Гризман без притоа да побара дозвола од Атлетико и ги казни
„каталонците“ со 300 евра. И покрај тоа што
казната е смешна, Барса најави жалба.

Првиот човек на
Атлетико сега ги прокементира случувањата и се понуди тој да ја подмири
паричната глоба.

„Најпрво би рекол дека казната не е нормална. Второ, како можете да се жалите
на казна од 300 евра? Ако толку не сакаат да платат, еве јас ќе платам. Четири докумети
и две пенкала и имате 300 евра“
– вели Енрике Серезо.

„Целиот случај им
го препуштивме на адвокатите и тие одлучуваа. Доколку поднеле жалба значи дека
имаат одредени докази“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×