Во наредните денови се очекува Милан да му врачи отказ на Марко Џампаоло, но италијанските медиуми пишуваат дека можеби ќе има и поголем рез во клубот.
Сопственикот на Милан, „Елиот Менаџмент“ е разочаран од стартот на сезоната. Шефот на компанијата, Гордон Сингер бил на трибините на мечот против Фиорентина и тоа што го видел воопшто не го импресионирало.
Иако Сингер не се сретнал со Малдини и Бобан по мечот, „Газета дело Спорт“ пишува дека двајцата директори би можеле да добијат отказ заедно со Џампаоло.
Легендите на Милан беа донесени летото за да направат рестарт на Милан и да го поведат на победнички пат, но разочарувањата се големи на стартот од сезоната.
Дали ќе биде отпуштен само Џамполо, или отказ ќе добијат и Бобан и Малдини ќе се знае наскоро.