158
Сопствениците на Брера попладнево соопштија дека потпишале писмо со намера за купување клуб од втората лига на Италија.
Минатата година „Брера Холдингс“ ја купи Академија Пандев како дел од планот за сопственост на повеќе клубови ширум светот и да го користи клубот од Струмица како отскочна даска, односно на талентираните играчи да им обезбеди подобри шанси за трансфер во посилните првенства во Европа.
Од „Брера Холдингс“ попладнево соопштија дека потпишале писмо со намера за купување на клуб од Серија Б.
Сепак, во моментов не се открива името на клубот кој ќе стане дел од семејството Брера и наскоро ќе бидат објавени дополнителни информации.