Сопругата на Жиру клучна за трансферот на Обамејанг во Арсенал

by
2 минути читање

„Топчиите“ се
обидуваат да го донесат голгетерот на Дортмунд до крајот на овој месец, а ова
повеќе не го крие ниту Арсен Венгер, кој призна дека се водат преговори.

Германскиот
фудбалски експерт, Рафаел Хонигштајн и неговиот француски колега, Жулиан Лорен
во разговор за БиБиСи сега открија „инсајдерски“ информации од зделката.

Хонигштајн верува дека главен услов за трансферот е преселба на Оливие Жиру на
Сигнал Идуна Парк на позајмица до крајот на сезоната. Лорен на шега додава дека
клучна улога има сопругата на Французинот, која ќе треба да даде зелено светло
за живот во Дортмунд.

„Првата понуда на
Арсенал беше 55 милиони евра, додека пак Дортмунд побара 70, па можеби двете
страни ќе се најдат на 60 милиони
– вели Хонигштајн.

„Но се чини дека
најголема пречка за реализација на зделката е тоа Оливие Жиру да се пресели во
Борусија на позајмица. „Милионерите“ мислат дека можат да дојдат до него, и тоа
за нив е важно бидејќи добиваат пари плус фудбалер кој е достојна замена.
Дортмунд не сака половина од сумата која ќе ја добијат за Обамејанг да ја
вратат на Арсенал па инситираат Жиру да дојде на позајмица до крајот на
сезоната
.

„Мое мислење е
дека двата клуба ќе си подадат рака
.

На ова, Лорен
додаде: „Мислам дека Жиру ќе биде одличен во Германија. Не знам колку е точно
бидејќи никогаш не сум ја прашал Џен (сопругата на Жиру), но ако е вистина дека
не сакала да го напушти Лондон за преселба во Ливерпул, тогаш навистина не знам
што ќе рече кога ќе дознае дека треба да се сели во Дортмунд!

Французинот долго
време беше мета на Евертон во летниот преоден рок, „Карамелите“ доставија
неколку понуди, но се шпекулираше дека Жиру останал во Арсенал бидејќи неговата
сопруга Џенифер не сакала да ја напушти престолнината на Англија и да живее во
Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани