Сопругата на Диого Жота се огласи на социјалните мрежи, објави фотографии од првиот танц на свадбата и напиша „Еден месец од нашето додека смртта не нè раздели“.
Сопругата на Диого Жота, Рут Кардосо за прв пат се огласи на социјалните мрежи по трагичната смрт на фудбалерот на Ливерпул.
Таа сподели неколку фотографии од првиот танц на свадбата која ја направија минатиот месец и испрати срцепарателна порака.
„Еден месец од нашето „додека смртта не нè раздели“. За секогаш твоја бела (девојка)“ – гласеше објавата на сопругата на Диого Жота.
Диого Жота и Рут Кардосо направија свадба на 22. јуни, само десет дена подоцна, фудбалерот почина во страшна сообраќајна несреќа на пат кон Сантандер, каде требал да фати траект и да патува во Англија за да ги почне подготовките со Ливерпул за новата сезона.
ФОТО: Instagram/rutecfcardoso14