181
Италијанецот за
кратко време ги освои симпатиите на навивачите и стана нов миленик на публиката
на Стемфорд Бриџ откако во првата сезона на кормилото на „Сините“ ја донесе
титулата во Премиерлигата.
Пред почетокот на
денешниот натпревар против Ватворд, фановите на Челси уште еднаш покажаа колку го ценат
Антонио Конте, па го скандираа неговото име.
Ваквите сцени на
Стемфорд Бриџ допреа до сопругата на Антонио Конте, која седеше веднаш зад
клупата на „Сините“.
Елизабета
Мускарело беше во солзи и не можеше да ги сопре емоциите.

